За прв пат, истражувањата јасно ги поврзуваат антителата кои се производ на реакција на храна со сериозни срцеви проблеми.
Вообичаените алергии на храна, како што се негативните реакции на кикиритки или одредени млечни производи, може да ја зголемат смртноста од кардиоваскуларни проблеми дури и повеќе од пушењето, според штотуку објавената студија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија, пренесува Science Daily денес.
Ризикот од алергии на храна за здравјето на срцето на пациентот е исто така ист или поголем од ризиците од дијабетес, висок крвен притисок или ревматоиден артритис, според студијата која опфати неколку илјади испитаници.
Утврдено е дека луѓето чие тело произведува антитела како реакција на храната, но кои продолжуваат да ја консумираат оваа храна, се изложени на најголем ризик од кардиоваскуларни компликации.
Околу 15 отсто од луѓето како реакција на споменатите видови храна произведуваат антитела во организмот кои предизвикуваат алергиски реакции, вели Џефри Вилсон, член на истражувачкиот тим.
Тој додава дека се потребни повеќе тестови со оглед на тоа што кај некои пациенти немало алергиски реакции и покрај тоа што во нивниот организам се формирале антитела на одреден вид храна.
За прв пат, ова истражување јасно ги поврзува антителата кои се производ на реакција на храна со сериозни проблеми со срцето и е во согласност со резултатите од претходните студии кои укажуваат на сериозна поврзаност помеѓу алергиското воспаление и кардиоваскуларните проблеми.