Борел го спореди уништувањето во Газа со онаа во германските градови во Втората светска војна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофална, апокалиптична“ и дека уништувањето е сразмерно „уште поголемо“ од она во Германија за време на Втората светска војна.

– Уништувањето на зградите во Газа е пропорционално повеќе или помалку поголемо од уништувањето што го апретрпеа германските градови за време на Втората светска војна – рече Борел.

Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ рече дека последицата од воениот одговор на Израел на нападите на Хамас на 7 октомври е „неверојатен број цивилни жртви“.
Министерството за здравство во Појасот Газа синоќа соопшти дека во израелското бомбардирање на палестинската територија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламски Хамас на 7 октомври загинале 18.205 лица.

Високиот претставник на ЕУ рече дека смртоносните напади на Хамас го зацементирале местото на организацијата на терористичката листа на ЕУ, но додаде дека ја смета израелската воена операција непропорционална поради смртта на многу цивили и големата штета врз цивилниот имот и инфраструктура.

Тој нагласи дека човечкото страдање претставува предизвик без преседан за меѓународната заедница и дека цивилните жртви се 60 до 70% од вкупниот број загинати и дека 85% од населението е внатрешно раселено.

Share This Article