Министерот за здравство ќе притисне за вработување на „договорците на дело“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како член на Владата и министер за здравство на утрешната владина седница ќе покренам бескомпромисно прашање што ќе се случи со тие што се вработени на определено од оваа влада и кои работат така некаде четири, пет па и шест години – изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за ветувањето дека ќе бидат вработени сите што се на определено работно време, а на некои од нив им завршуваат и договорите на дело.
– Ќе упатам критики кон Министерството за финансии. Шест, седум месеци договарам заедно со министерот за финансии (Фатмир Бесими). Премиерот тогаш нè назначи мене, министерот за финансии и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Направивме групи, работевме на тоа, јас навистина макотрпно работев и не знам зошто не се случува ова. И утре како член на Влада, како министер за здравство ќе го покренам многу динамично и бескомпромисно ова прашање, што ќе се случи со тие што се на определено веќе од оваа влада, некаде четири, пет години или шест години договорци на дело – рече министерот Меџити.

Share This Article