Од полноќ се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79% , одлучи Регулаторната комисија за енергетика
Малопродажните цени на бензините од 95 и 98 октани како и дизелот маслото за домаќинство се намалуваат за 2 денари по литар.
Од полноќ малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“ ќе изнесува 76,50 денари, на „еуросупер-98“ ќе изнесува 78,50 денари, а на дизелот 74 денари по литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73 денари по литар.
Мазут има цена од 40,572 денари по килограм.