Пендаровски смета дека борбата против радикализмот е запоставена

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски вели дека неодамнешното двојно грозоморно убиство на површина го извлече фактот дека дел од радикалните структури, не само што се активни кај нас, туку и дека нивната политика и говор на омраза можат да резултираат со трагични последици, соопшти Кабинетот на шефот на државата, известувајќи за вчерашната конференцијата по повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Времето на растечкиот национализам не ја одминува и нашата држава. За жал, сè почесто сме сведоци на националистички провокации што доаѓаат од одредени политички и верски кругови, со единствена цел, преку наметнување на својот светоглед да ја нарушат стабилноста на државата и да го минираат демократскиот поредок. Добар дел од овие напади се резултат на пропагандни кампањи од странски центри или на нивна директна инфилтрација и поддршка на радикални политички организации. Неодамнешниот трагичен настан, кој заврши со двојно грозоморно убиство, на површина го извлече занемарениот факт дека дел од овие радикални структури не само што се активни кај нас, туку и дека нивната политика и говор на омраза можат да резултираат со трагични последици. Затоа, сметам дека првенствена задача на сите демократски политички структури е јакнење на отпорноста на институциите и континуирана борба против екстремистите, без дневнополитички калкулации – истакна Пендаровски.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакнал дека човековите права не се привилегија, помодарство или идеолошка конструкција. Тие, како што посочил, се неотуѓив дел од човековото битие, цивилизациско достигнување и услов за мирот во светот и опстанокот на човештвото.

Во таа смисла, сите критики што доаѓаат од националистите или т.н. суверенисти од различна идеолошка провиниенција дека човековите права се креација на западниот либерализам се само изговор за легитимирање на домашната репресија или за случаите на надворешна агресија.

Share This Article