Две лица загинаа, а трето е повредено во пукотница во швајцарскиот град Сион, соопшти полицијата, пренесува Sky News.
Полицијата во кантонот Вале соопшти дека осомничениот испукал неколку истрели на две различни локации во Сион, град со околу 35.000 жители, недалеку од италијанската и француската граница, пишува Sky News.
Напаѓачот не е идентификуван, а полицијата трага по него.
Се вели дека тој ги познавал жртвите, но не се соопштуваат дополнителни детали.