More

    Ѓоковиќ откри како Надал го нервирал во соблекувалната

    spot_img

    Врската помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е една од вечните тема во светот на тенисот. Ривалството меѓу српскиот и шпанскиот тенисер е веќе легендарно во белиот спорт, но многу приказни остануваат непознати.

    Веројатно ниту еден спортист во историјата не бил повеќе роб на навиките, воспоставените практики, суеверија и модели на однесување од Надал. Некои од работите постојат одсекогаш, а некои се формирани со текот на годините за да влезат во главата на ривалот.

    Кога ќе излезете против него за прв пат на теренот, не сте ни свесни дека веќе сте го загубиле првиот сет во соблекувалната. Ѓоковиќ тоа најдобро го објасни и го откри впечатокот што го остава Надал кај сите играчи, но и она што му претходи на мечот на терен.
    – Играм против Надал на Ролан Гарос, а неговата соблекувална е до мојата, нели? Значи ние сме толку блиску. И се трудиме да си дадеме простор еден на друг. Но, некогаш ни соблекувалната не е толку голема за начинот на кој скока Надал пред да излеземе на теренот… Во соблекувалната, тој прави спринтови до тебе. Ја слушам дури и музиката што ја слуша во неговите слушалки. Знаете, тоа ме нервира – открива Новак Ѓоковиќ.

    Најдобриот светски тенисер во интервју за американските медиуми, објасни дека му било потребно време да научи некои работи.

    – На почетокот на мојата кариера не сфаќав дека сето тоа е дел од сценариото, зарем не? Па се плашев од тоа. Но, тоа исто така ме мотивира да ги правам работите сам и да покажам дека сум подготвен. Подготвен за битка, за војна – вели српскиот тенисер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img