More

    Аларм од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во битолската болница

    spot_img

    Пациентите со малигни заболувања во Болницата во Битола веќе трета недела се без терапија, а на трибините на СДСМ нема отчет за сработеното во здравството, обвини денеска на прес конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Владата на СДСМ и ДУИ и Министерството за здравство не само што не ги решаваат проблемите на пациентите, туку и дополнително активно работат на нивното продлабочување.

    Не само што нема системско решение за континуирано обезбедување на терапија за болните од малигни заболувања гледаме дека истите овие ликови 7 години не мрднаа со прст за ветувањето за дисперзија во лекувањето на пациенти со малигни заболувања и не воспоставија услови со кадар и опрема. Со тоа, остана нереализирано и ова ветување како и низа други ветувања – рече Николов.

    Тој ги коментираше и трибините на СДСМ за сработеното во изминатиот период.

    – За да биде иронијата поголема, истите овие ликови држат партиски трибини за здравство како на пример онаа партиската трибина на СДСМ во Битола и во Штип, кои се еклатантен пример за негрижа и нерешавање проблемите, туку нивно создавање. Денеска гледаме дека партиската трибина посветена на здравјето во Битола не ги реши проблемите на онколошките пациенти, па согласно информациите кои ги добиваме од пациентите, во онколошкиот оддел на оваа Клиничка болница трета недела по ред нема таблети „летрозол“ при што се кумулира голем број на пациенти што се на листа на чекање, а втора недела ги нема лековите „оксалиплатин“ и „золадекс“ – рече Николов, додавајќи дека пациентите добиле само ветување дека ќе бидат контактирани и дека се ставени на листа на чекање.

    Тој потсети дека проектот на дисперзија на лекувањето од малигни заболувања требаше да почне од Битола.

    – Токму дисперзија на лекувањето на малигни заболувања требаше да биде во Битола со оглед дека таму има акцелератор – радиотерапевтски апарат кој не работи 7 години и фаќа прашина. Во Клиничките болници во Штип и во Тетово иако има специјалисти радиотерапевти онколози, сепак истите овие партиски функционери без срам денес се појавуваат на партиски трибини за здравство во овие градови, без да ги исполнат ветувањата и без да преземат системски мерки за една од најранливите категории пациенти, а тоа се малигните заболувања – рече Николов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img