Желба за долг живот му испрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Ваквата негова изјава доаѓа откако Мицкоски најави одговорност по неговото доаѓање на власт, оти смета дека истрагата на Министерството за внатрешни работи (МВР) за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска била задоцнета.
Спасовски му одговори:
– Додека е тој жив или додека сум јас жив? Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив. Јас му посакувам долг живот – рече Спасовски.
Претходно, Мицкоски побара и оставка од министерот.
– Од Спасовски со месеци наназад бараме оставка, му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и нему око не му трепна. Напротив, тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања – рече Мицкоски.