Сојузниците на Орбан планираат да водат тајни преговори со членовите на Американската републиканска партија за да спречат доделување нова помош за Украина, пишува Гардијан.
„Сојузниците на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се сретнат во Вашингтон со републиканците зад затворени врати за да ја прекинат распределбата на американската воена поддршка за Украина“, се наведува во текстот.
Некои републикански членови на Конгресот се поканети да учествуваат во разговорите зад затворени врати, изјави републикански извор за британскиот весник.
– Орбан е убеден дека помошта за Украина нема да помине во Конгресот и се обидува да ја блокира помошта од ЕУ – изјави за весникот дипломатски извор близок до унгарската амбасада.
Поради неизвесноста по ова прашање, со посебно обраќање излезе американскиот претседател Џозеф Бајден. Тој го повика Конгресот итно да го одобри барањето за финансирање на Киев.
Според претседателот, републиканците „пукаат во Украина во колено“, поврзувајќи ја распределбата на нови средства со реализацијата на нивните бескомпромисни барања за реформи на границите и миграцијата.
Есента Бајден побара од Конгресот околу 106 милијарди долари за помош на Украина и Израел, како и за акции во азиско-пацифичкиот регион, но не доби поддршка во Конгресот.