Покрај претседателот на Владата, Ковачевски на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Фатмир Битиќи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија, како и Н.Е Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија.
На настанот ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, членови на Владата, дипломатски кор, директори на институции, претставници на бизнис секторот како и на граѓанското општество.
Во рамки на напорите на Владата на Република Северна Македонија за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања изминатиот период организираше серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот се презентираа можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.
Со овој настан официјално завршува кампањата „Ние сме Европа“ која се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, каде се говореше на конкретни тематски област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.