Светскиот топ модел Ирина Шајк повторно е „уловена“ во друштво на легендарниот Том Брејди, најголемиот играч во историјата на американскиот фудбал.
Откако во 2015 година ја раскина свршувачката и петгодишната врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, убавата Русинка утеха побара во прегратките на актерот Бредли Купер. Двојката доби ќерка, а по две години се разделија. Меѓутоа, тие останаа во одлични односи, дури пред неколку месеци американските медиуми објавија дека Ирина и Бред се смириле. По извесно време, се појавија фотографиите од Ирина и Том Брејди како заминуваат од неговиот хотел. Светски познатата манекенка и фудбалерот оттогаш неколкупати беа уловени заедно.
Американскиот фудбалер, поранешниот сопруг Жизел Бундхен и Ирина беа во врска неполни четири месеци, а потоа медиумите шпекулираа дека парот раскинал. Меѓутоа, сега папараците ги фотографираа заедно, а Ирина (37) неуспешно се обиде да се сокрие од фотографите.
Том Брејди (46) е фотографиран пред нејзиниот хотел како ја чека руската убавица, за да можат заедно да заминат со автомобило. Ирина цело време го криела лицето од насобраните фотографи, но не останала незабележана кога влегла во неговото возило.
Шајк била изненадена што папараците се таму. Инаку, имало и други познати имиња во Мајами по повод Арт Базел (познатиот меѓународен саем на уметност).
Претходната ноќ, Том и Ирина поминале време заедно на ексклузивна забава организирана од Леонардо Kаприо, што дополнително ги поттикнало гласините за нивната романса.
ФОТО: Инстаграм