Општина Битола почнува со новогодишното украсување градот, а првите новогодишни светилки од синоќа се поставени во Старата битолска чаршија и над мостовите на реката Драгор во тој дел од градот.
Новогодишното украсување продолжува кај Саат-кулата, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом каде празничната слика ќе биде комплетирана со новогодишна елка.
„На сите локации со активно учество и придонес на дуќанџиите, бизнис-секторот, културно-забавните уметници и актери, како и на сите заинтересирани субјекти во наредниот период ќе се одвива програма која има цел да создаде вистинска атракција за сите посетители“, соопштија од Општина Битола.