Министерот за правда Кренар Лога очекува дека Љупчо Палевски-Палчо, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, брзо да биде екстрадиран од Турција во земјава.
-Многу е рано да се зборува за што било. Треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Верувам дека од понеделник натаму сите наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција – изјави Лога.
Министерот потврди дека документите и барањето за екстрадиција на Палевски од Турција се испратени неколку преку повеќе канали – преку ДХЛ, по електронски пат, преку Министерството за надворешни работи (МНР) и преку Амбасадата.
Министерството за правда на чело со Лога во четвртокот (7 декември) го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо до турските власти.
Барањето за екстрадиција на Палевски следува по неговото апсење во Турција на 5 декември.