Во СВР Велес вчера во 13:30 часот било пријавено дека на автопат А1 во правец Велес-Скопје, кај место викано „Пуста кула“ настанал пожар во патничко возило во движење „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 31-годишниот С.В. од Велес, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
– Повредени лица нема, а интервенирала Територијална противпожарна единица од Велес. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот – рече Ѓаковска.
фото: МИА