Една од најважните трговски патишта во светот – Панамскиот канал – се соочува со најголемата суша досега. Расте стравот дека поради тоа ќе доцнат многу божиќни испораки во Европа.
Нивото на водата падна на најниската точка од средината на 1900-тите. Бродовите чекаат со недели бидејќи бројот на пловни објекти кои можат да минат низ каналот е ограничен. Десетици огромни контејнерски бродови, полни со паметни телефони, телевизори, велосипеди и играчки, би можеле да пристигнат во европските пристаништа дури четири недели подоцна од планираното.
„Панамската криза го загрозува Божиќ во Европа и Велика Британија. Резултатот би можел да биде недостиг на стоки и зголемување на цените додека трговците на мало се борат за достапни залихи“, изјави за Independent, Дејвид Џинкс, шеф за потрошувачки прашања во компанијата за испорака ParcelHerou, пренесува tportal.
Некои бродови, наводно, плаќаат милиони долари за да ја прескокнат редицата, додека други се упатуваат кон Суецкиот канал во Египет или Кејп на добра надеж во Јужна Африка.
Експертите стравуваат дека глобалната презаситеност би можела да влијае и на цените на храната и енергијата бидејќи житарките и горивото исто така се во мирување.
На бродовите обично им требаат меѓу осум и 10 часа за да поминат низ каналот, но моменталното време на транзит е една до две недели.
Нормално, 38 бродови минуваат низ Панамскиот канал дневно. Од 7 ноември дневно низ него поминувале само 24 бродови.
Рекордна суша ја погоди Панама на почетокот на годинава, со дури 50 отсто помалку врнежи од минатата година. Недостигот на дожд го пресуши главното езеро во Панамскиот канал.