Најмалку три ракети, истрелани утринава врз американската амбасада во Зелената зона во Багдад, паднале на периферијата на оваа добро чувана населба каде се наоѓаат владините институции и дипломатските претставништва.
Портпаролот на американската амбасада изјави дека нема жртви.
Тој, исто така, апелираше до ирачката влада да гарантира заштита на дипломатскиот персонал и членовите на меѓународната коалиција кои се борат против џихадистите во Ирак.
Американските власти претходно потврдија дека алармот е активиран и дека околу амбасадата и базата каде што се стационирани војниците на меѓународната коалиција се слуша како што се верува дека е „ракетен удар“.
Детали за природата на нападот не се познати.