Египќанецот Мохамед Салах, Мароканецот Ашраф Хакими и Нигериецот Виктор Осимен се номинирани денеска за најдобар африкански фудбалер во 2023 година.
Како што објави Африканската фудбалска конфедерација, најдобриот играч на Африка ќе биде прогласен на свеченост во Маракеш на 11 декември.
Салах настапува за англиски Ливерпул, Хакими за француски ПСЖ, додека Осимен го носи дресот на италијански Наполи.
На годинешниот избор за Златната топка, Салах и Осимен беа најдобро пласирани африкански фудбалери. Египќанецот беше на осмото, а Нигериецот на 11. место.