Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на украинскиот народ за 50-дневниот отпор на бруталниот напад врз соседна Русија.
„Благодарение на Бога, украинските вооружени сили и нашиот народ – го одбранивме најголемиот дел од нашата земја“, рече Зеленски во дневната видео порака објавена на Телеграма доцна навечер во четвртокот. „Педесет дена наша одбрана е достигнување. Достигнувањето на милиони Украинци“, додаде Зеленски.
Претседателот, исто така, рече дека се сеќава на првите денови од руската инвазија на Украина. „Благо кажано, никој не беше убеден дека ќе преживееме“, рече тој. Многумина го советуваа да ја напушти земјата, продолжи Зеленски. „Тие не советуваа де факто да се предадеме на тиранијата. Но, тие не ги познаваа Украинците и не знаеја колку се храбри и колку ја ценат слободата, „да живееме како што сакаме“.
Украинскиот лидер се заблагодари и на сите кои ја поддржуваат Украина.
Тој рече дека за 50 дена го променил начинот на кој гледа на многу политички лидери. Видел „голема великодушност“ кај оние кои не биле богати и решителност кај оние што другите не ги сфаќале сериозно. Но, Зеленски, исто така, рече дека видел дека некои политичари се однесуваат како да немаат моќ.