More

    ДИСКРИМИНИРАНИ СЕ ДОМАЌИНСТВАТА ШТО НЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ ЕВТИНАТА ТАРИФА!

    spot_img

    Иако беше најавено брзо адаптирање на броилата за електрична енергија за користење на евтината дневна тарифа, воведена од 1 декември, процесот се одвива етапно и се очекува да заврши до крајот на месецот, односно до тоагаш 90% од домаќинствата ќе можат да ја користат оваа погодност.

    Граѓаните и по 6 дена од стартувањето на евтината тарифа се збунети зошто, иако имаат дигитален бројач, не можат да ја користат евтината струја од 13 до 15 часот. Тие велат дека не ги интересира оправдувањето дека не е можно во кус рок да се адаптираат сите струјомери и прашуваат зошто нивните броила, кои се дигитални, не можат директно да се адаптираат.

    Од ЕВН веќе најавија дека сетирањето на броилата ќе се одвива по групи и заедно со отчитувањето, но е непознато колку од броилата досега се адаптирани на новите барања.

    Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека оние домаќинства кои немаат евтина тарифа на струја ќе почекаат додека да се адаптираат нивните мерила, но заменик-народниот правобранител оценува дека оваа мерка ги става во нерамноправна положба домаќинствата чии броила не можат далечински да се адаптираат.

    Граѓаните на кои им е важно да ја користат оваа струја, бидејќи сметаат на заштедата во сметката за струја за декември, велат дека никој не ги информира кога нивните „дигитални“ броила ќе бидат сетирани. Незадоволни се од тоа што поголемиот дел од нив ќе го изгубат овој месец за користење на оваа тарифа.

    – Рекоа дека кај првата група со дигитални броила ќе имаме најбрзо евтина тарифа, но следев и немаше на 1 декември и сè уште нема. Им пишав во ЕВН да ме информираат што се случува и ми одговорија дека приспособувањето на дневната евтина тарифа ќе се врши со отчитувањето на броилата според групи, согласно отчитувачки недели во кои спаѓаат мерните места. Во мојот случај тоа било втората недела во месец декември. Не ми беше јасно па повторно им пишав и ми одговорија дека тоа значи дека треба да дојде следната недела човекот што го чита саатот. И после што? Автоматски ќе почне да имаме евтината струја? Нели требаше да информирате за ова наместо луѓето да мислат дека доколку имаат дигитален бројач автоматски од 1 декември ќе имаат и дневна евтина тарифа – вели револтирана скопјанка.

    Друг граѓанин вели дека редовно плаќа струја и затоа се чувствува измамен и дискриминиран што ќе изгуби еден месец од мерката евтина дневна тарифа, која беше стартувана на 1 декември.

    – Зарем треба да изгубам цел месец, ако сум во последната група на отчитување на броилото? Сакам да знам зошто сум дискриминиран во тој поглед. Сè што бараше ЕВН при моето приклучување на електричната мрежа – направив. Сега прашувам: Зошто моето броило да не може далечински да се отчитува? Кој одлучува кое броило ќе биде во таков режим, а кое не? Кога ќе се случи и моето броило да може далечински да се адаптира? Одговори нема зашто никој не се повикува да ги даде – вели тој.

    Бислимоски деновиве појасни дека домаќинствата кои немаат евтина дневна тарифа ќе треба да почекаат нивните броила да се прилагодат рачно.

    – Од 1. декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кај нас во Македонија сите броила се дигитални, но не значи дека секое дигитално броило има далечинско отчитување. Како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени, така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за декември ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен – рече Бислимоски во телевизиска емисија.

    Заменик-народниот правобранител Јован Андоновски смета дека оваа состојба е дискриминациска за поголемиот дел од домаќинствата.

    „Дискриминациска практика на ЕВН Македонија со воведувањето на евтина дневна тарифа. Имаа доволно време да ги направат потребните подготовки за сите домаќинства. Не знам зошто ги толерира Регулаторна комисија за енергетика?“, напиша тој на Фејсбук.

    Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација односно тоа се таканаречени „Смарт броила“ и 650.000 броила кои не можат далечински да се прилагодат и треба да се посетат на самото место.

    Прашавме колку од броилата досега се адаптирани, која ќе ја надомести штатата што граѓаните еден месец нема да користат евтина тарифа и како се одвива дигитализацијата на сите броила односно нивното далечинско адаптирање, но иако ни беше ветено дека ќе добиеме одговори, до објавување на текстот не ги добивме.

    Од компанијата меѓутоа веќе најавија дека сите броила што ќе бидат достапни ќе бидат нагодени во текот на декември заедно со читањето на потрошената струја. Практика е броилата да се читаат еднаш месечно по групи, и тогаш сите тие ќе бидат сетирани оптички со посебен уред со физички контакт. При читањето софтверот ги адаптира како што треба да бидат сетирани.

    Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Изминатата година граѓаните можеа да користат поевтина струја само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img