More

    Жена од Газа се охрабри да зборува против милитантната група

    spot_img

    Жена од Газа за Ал Џезира раскажа дека милитантната група Хамас ја краде сета хуманитарна помош наменета за цивилите. Западните медиуми пишуваат дека ова е редок приказ кога жител на Газа јавно ја критикува групата, пренесува Тајмс Оф Израел.

    Исказот на жената, која тврди дека иако доаѓа многу помош, таа ги заобиколува цивилите за да заврши во подземните тунели го изненади новинарот:

    – Помошта не стигнува до нацијата, до целиот народ – вели жената која бегајќи од северот на Газа побарала засолниште во градот Кан Јунис во јужна Газа каде сега се водат битките.

    Кога новинарот од пропалестинскиот катарски канал ѝ кажува дека доаѓа само мала количина на помош и сето тоа се дели, постарата жена на која и се тресат прстите одговора:

    – Сето тоа оди во нивните куќи. Тие го земаат, па дури и ќе ме застрелаат или ќе прават што сакаат со мене.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img