Српската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ ги собори сите рекорди во Хрватска, каде одржа пет спектакуларни концерти во Арена Загреб, во главниот град на оваа земја.
Многумина ги интересираше како Пријовиќ го преживеала овој потфат, бидејќи имала само еден слободен ден, помеѓу четвртиот и петтиот концерт, а таа открила дека имала мала помош.
Имено, по концертот, Александра открила дека примила инфузија за да го издржи целиот настап.
– Мислев дека нема да издржам, но издржав – рекла Пријовиќ, пренесува српски „Телеграф“.
Александра му се заблагодарила на момчето што ѝ помогнало и ја приклучило на инфузијата.
Иако овој потфат бара многу труд, Пријовиќ синоќа на публиката и призна дека може да „одработи“ уште неколку Арени.
– Во моментов нема никој посреќен од мене, покрај овој успех и оваа публика. Јас не сум одлично, јас сум најдобро! – ѝ порачала Прија на публиката.
– Сакам да знаете една работа. Сега сакам и шеста Арена! И седма и десетта! Ме прашуваат кој концерт ми беше најдобар. Знаете кој? Секој! – порачала Александра, пренесе „Јутарњи.хр“.
Маја Беровиќ и Дејан Матиќ синоќа излегоа на сцената со Александра, кои ја пофалија младата пејачка, а постарата колешка ја нарече најсветлата ѕвезда.