More

    Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, денес ќе биде испратено во Турција

    spot_img

    Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, денес ќе биде испратено во Турција, изјави министерот за правда Кренар Лога.

    Лога рече дека барањето за екстрадиција е преведено на турски јазик и потпишано од него.
    – Сите списи од Министерството беа преведени на турски јазик. Денеска до крајот на работниот ден исто така и од Јавното обвинителство ќе бидат преведени и веднаш ќе биде пуштено и преку електронската пошта и преку нашата амбасада. Верувам дека после добивање на нашето барање ќе контактираме и директно со министерот за правда од Република Турција. Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ние ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас да одговара за тоа што се случи – рече министерот за правда Кренар Лога.

    На новинарско прашање колку би траела постапката, министерот Лога одговори дека тоа зависи од постапките во Турција.

    – Не знам колку ќе ги искористи тие правни лекови да се жали или не. Не можам да кажам колку би траело во овој момент без да ги знам постапките во Турција – рече министерот Лога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img