Хрватската компанија „Ледо“ ја сели линијата за производство на тесто од Загреб во Србија, односно во фабриката „Фриком“ во Белград, која исто така е во сопственост на „Номад фудс“.
Компанијата на 45 работници кои сега работат на производство на тесто им понудила трансфер во фабриката за производство на сладолед.
Причина за поместување на линијата за тесто, како што е соопштено, е тоа што компанијата нема простор за поставување на машините од 4 милиони евра која ќе произведува сладолед Кинг.
„Машини за производство на овој сладолед ќе бидат поставени следната година на местото каде што се наоѓа линијата за производство на тесто“, соопштија од компанијата „Ледо“.