Професорката на Факултетот за безбедност Фросина Ташевска Ременски вели дека има неофицијални информации дека групата на Љупчо Палевски имала „поголеми планови“.
– Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај – вели Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка.
Таа бара да се прошири истрагата.
– Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира – вели Ташевска Ременски.
Ременски тврди дека однесувањето на групата се следело, но зошто досега не е преземено ништо, таа нема одговор. Таа додава дека оваа група има влијание од проруски структури.
Таа се сомнева дека мотивот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е само изнуда, туку има и други мотиви кои треба да се испитаат.