More

    Американскиот сценарист и продуцент Норман Лир почина на 101-годишна возраст

    spot_img

    Американскиот сценарист и продуцент Норман Лир почина на 101-годишна возраст. Тој е познат по создавањето сериите од 70-тите, како „Сите во семејството“, „Мод“ и други. Веста ја потврди портпаролката на неговото семејство Лара Бергхолд.

    – Норман живееше живот полн со стравопочит кон светот околу него. Секое утро се восхитуваше на својата шолја кафе, обликот на дрвото надвор од прозорецот и звуците на прекрасната музика. Но, луѓето, оние кои штотуку ги запозна и оние што ги познава со децении, беа оние кои засекогаш му ги одржаа умот и срцето – се вели во семејното соопштение.

    Во текот на својата кариера напиша и создаде повеќе од 100 серии, а најголемиот успех го имаше во текот на 70-тите и раните 80-ти.

    Лир е роден на 27 јули 1922 година. Неговиот татко Херман бил осуден на три години затвор за продажба на лажни обврзници, кога Норман имал девет години. Заминал на факултет во Бостон, кој подоцна го напуштил. Потоа се приклучил на воздухопловните сили во текот на Втората светска војна. Се занимавал и со односи со јавноста. Подоцна основал сопствена продуцентска компанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img