More

    Истрагата за Вања започнала предоцна, обвини Мицкоски

    spot_img

    Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата, погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога, за жал, малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Интервју” на Телевизија Шења.

    Запрашан дали тоа според него значи ненавремено реагирање, Мицкоски се согласи.

    – Но тоа сега нема да го дискутираме бидејќи како политичка парија, а лично и јас бевме надвор од сето ова намерно за да не се создава впечаток како тие што создаваа со децата од Смилковско и малата Тамара, затоа не се мешавме и воопшто да не влијаеме на процесот за да не бидеме лошо сфатени. Но, за месеци од денеска сето ова ќе биде изнесено на лице пред јавноста и ќе знаат луѓето што направиле овие луѓе. Тие информации што јас ги знам се озбилни – кажа Мицкоски.

    Запрашан за тоа зошто не се реагирало брзо, тој посочи дека ќе дојде денот кога и на ова прашање ќе дадат одговор, бидејќи сега е залуден одговорот.

    – Од Спасовски со месеци наназад баравме оставка, нему му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, нему му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и нему око не му трепна. Напротив, тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања – заклучи Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img