Четириесет и деветгодишник починал возејќи кај кичевско Бигор Доленци, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 06.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот. Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л., на возраст од 49 години, од селото Лисичани. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“, се појаснува во соопштението.
По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.