Триесет и двегодишна беровчанка е тешко повредена откако била удрена од возило бул.„Кузман Јосифовски-Питу“.
„На 05.12.2023 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, патничко возило удрило во електричен тротинет, управуван од Е.М.(32) од Берово, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Градската општа болница“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
фото: МИА