Палевски правел „финти“ во Турција, тргнувал за Истанбул па се враќал назад

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Колегите од пријателска Турција нè информираа дека главниот организатор на грабнувањата и на убиствата е фатен на нивна територија, идентично на нашите оперативни сознанија во врска со патеката на движење на осомничениот. Тоа беше последната алка на овој грозоморен чин, со цел сосема да ги разобличиме овие монструми кои го извршија двојното свирепо убиство.

Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја започна денешната вонредна прес-конференција на којашто соопшти дека Љупчо Палевски-Палчо, кој е првоосомничен во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е уапсен на територијата на Турција.

– Вчера попладне беше распишана итна меѓународна потерница за лицето Љ.П. од Скопје, а тоа е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но, токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи лицето, не застанавме на тоа, туку продолживме со билатерална комуникација за целна потрага по овој монструм. Посебна благодарност за соработката сакам да упатам до пријателска Турција, Србија, Бугарија, Хрватска и до министрите за внатрешни работи од овие држави. Би сакал да се заблагодарам и на досегашнат соработка во рамки на Интерпол, а длабоко во себе верував и посакував фаќањето на злосторникот да оди брзо – изјави Спасовски, кој откри дека во текот на денешниот ден биле пронајдени два пиштоли кои наводно се поврзуваат со грабнувањето и со двојното убиство.

Во однос на прашањето како побегнал Палчевски од земјава и како стигнал до Турција, Спасовски објасни:

– Лице од Скопје, негов адвокат, прво со возило „шкода“ го однел во Србија. Таму е оставен во еден хотел. Следниот ден, друго лице од Скопје го презема со џип и преку граничниот премин „Градина“ влегува во Република Бугарија, а потоа и во Турција. Таму оди во градот Баликесир. Нашите служби стапуваат во контакт директно со нивни оперативни извори кои за кратко време ни кажаа дека лицето се наоѓа во градот. Тој имал намера оттаму да замине во Истанбул. Во Баликесир останал неколку дена и најмил такси-возач за да замине во Истанбул, но практично симулирал и повторно се вратил во градот. Но, денеска бил уапсен додека се движел пешки на автопат во близина на Баликесир – рече Спасовски.

Кога ќе се заврши постапката за екстрадиција, лицето веднаш ќе пристигне во земјава, додаде тој.

Министерот рече дека кивичната пријава против петте осомничени лица веќе е изготвена на повеќе од 100 страници и предадена е во Основното јавно обвинителство.

Share This Article