Ја пофали работата на македонскиот контингент на Косово

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска попладнево ги посети припадниците на контингентот од Армијата, стационирани во Регионалната команда – Запад на КФОР во косовскиот град Пеќ.

Во Пеќ, министерката Петровска беше пречекана од најстариот национален претставник на македонскиот контингент, потполковникот Драган Кузмановски, кој посочи дека сите припадници на Армијата се посветени во извршувањето на своите задачи и дека нивната пожртвуваност, далеку од своите семејства, придонесува за високо ниво на кредибилитет и почит кои ги ужива Армијата кај НАТО сојузниците.

Полковникот Марко Јавароне, извести дека сите припадници на Армијата стационирани во оваа Команда покажале високо ниво на вештини и интероперабилност со припадниците на армиите на земјите членки на НАТО.

Од прес-службата на Министерството за одбрана информираат дека за време на неформалната средба Петровска го изразила своето лично задоволство за сите пофалби за работата на армискиот контингент во составот на КФОР.

– Република Северна Македонија до пред неколку години беше држава којашто бараше помош од другите. Сега ние даваме помош и тоа го правиме многу успешно. Така ќе продолжиме и во иднина, затоа што вака инвестираме и во стабилноста и во безбедноста и во регионот, во Европа и во светот, а со тоа си помагаме на самите себеси – порача Петровска.

Министерката истакна дека токму со учеството во оваа мисија на Алијансата, Северна Македонија го покажува своето вистинско место во регионот, како столб на мирот и безбедноста, две нешта без кои не може да има просперитет за сите граѓани на Западниот Балкан.

– Овие позитивни зборови ме прават горда, а ми претставуваат и обврска како министерка за одбрана да обезбедам уште подобри услови за работа. Опрема купуваме, но најголемата инвестиција што можеме да ја направиме е во вас, во човечките ресурси – рече министерката.

Од Министерството за одбрана потсетуваат дека земјава веќе 15 години дава логистичка поддршка на КФОР, а од 2020 година придонесува и со свои припадници во Командата на мисијата и во Регионалната команда – Запад.

Во моментов, во КФОР се упатени 74 припадници на Армијата, а во тек е подготовка за испраќање на нова ротација во оваа мисија. Со Технички договор од 2020 година, логистичка поддршка за македонскиот контингент дава Италија. НАТО мисијата на Косово брои над 3.700 војници од 28 земји.

- Advertisement -
Ad image

Фото: MIA

Share This Article