Неуспешен обид за киднапирање деца од турска и од македонска националност се случил во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци, јавува штипската телевизија „Стар“.
Јавноста во местото е на нозе додека полицијата го испитува случајот.
Директорката на училиштето Наталија Костова за телевизијата изјави дека киднаперите во возило со скопски регистарски таблици се обиделе да ги земат децат, но кога не успеале избегале.