Дневен ред за 43. седница на Уставниот суд

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд на 5 декември 2023 година (вторник) во 10:30 часот ќе ја одржи 43. седница од 2023 година со дневен ред на кој е предвидено да се дискутира за седум иницијативи за оценување на уставност и законитост.

  1. Реферат У.бр.66/2023

Оспорен: Член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија

Подносител: Врховен суд на Република Северна Македонија

Oд наводите во иницијативата:

Се наведува дека оспорениот став предвидува ограничување  или еднократно користење на жалбата без да се земе предвид можноста за повторена ревизија и повторно постапување и одлучување на Судскиот совет, при што останува неможност судијата или претседател на суд, доколку со новото решение за Судскиот совет повторно е прогласен за одговорен и му биде изречена санкција, против истото не може да поднесе жалба или тужба. Според наводите оспорената одредба е во спротивност со членот 50 став 2 од Уставот кој гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа. Подносителот посочува дека двостепеноста во одлучувањето на судовите а гарантирана во Уставот, што не е случај со оспорената одредба.

  1. Реферат У.бр.192/2023 и 193/2023

Оспорени: Автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети

Подносител на иницијативите: Mирослав Драганов

Од наводите во иницијативите:

Подносителот наведува дека не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30%, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток. Во иницијативата има наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одтговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба.

- Advertisement -
Ad image

Според подносителот, со Автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.

  1. Реферат У.бр.122/2023

Oспоренo: Решението Уп2 бр.32-120/2017 од 01.12.2022 со кое се поништува Решението Уп1 бр 20-3852 од 26.09.2022 година

Подносител: Бисера Костадиновска- Стојчевска

- Advertisement -
Ad image

Од наводите во иницијативата:

Се бара оценување на законитоста на Решение кое е донесено на 26.09.2023 година од градоначалникот на Општина Охрид со кое е поништено Одобрение за градење донесено од градоначалник на Општина Охрид на 5.12.2023 година.  Се тврди дека инвеститорот преку системот за е-одобрение на 24 јануари 2017 година ја известува општината за почеток на градба. Понатаму, наведено е  дека според записник од 28 декември 2016 година овластениот градежен инспектор при Општина Охрид евидентирал дека изградбата е започната а не се назначени изведувачот и правното лице за вршење надзор. Подносителката смета дека изградбата на објектот е во непосредна близина на растојание помало од 50 матри од водостојот на езерото, што е во спротивност со Законот за водите кој го регулира градењето на објекти со тврда градба.

  1. Реферат У.бр.107/2023

Оспорен акт: Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директните плаќања во случај на несообразност.

Доносител на актот: Влада на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата: Министерство за правда

Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

  1. Реферат У.бр.146/2023

Оспорен акт: Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.276/22).

Доносител на актот: Фондот за здравствено осигурување

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

  1. Реферат У.бр.149/2023

Оспорен акт: Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи-за утврдување – контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.84/13).

Доносител на актот:  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

  1. Реферат У.бр.127/2023

Оспорени: Правилник за работа во странство на ГД Гранит АД Скопје од 2013 година и Одлука за организирање на работната единица и организација на работењето во Бања Лука, Република Српска ГД Гранит АД Скопје од 2013 година.

Подносител на иницијативата: Ќирил Величковски, адвокат

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека со оспорените акти се влијае на основните права на граѓаните и на работниците како што се правото на плата и правото на работно време од 40 часа неделно. Во иницијативата се наведува дека правата од работен однос кои се утврдени со Устав, закон или колективен договор не може да се ограничат или одземат со акти и дејствија на работодавачот.

Share This Article