Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ неодамна ја коментираше својата 22-годишна ќерка Уна и ги насмеа луѓето со коментар за нејзините кулинарски способности.
Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ е многу популарна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.
Таа често со следбениците споделува моменти од нејзиното секојдневие, а коментарите за нејзината убавина секогаш можат да се забележат под нејзините објави.
Но, Уна неодамна реши на своите следбеници да им покаже и свои други интереси – нејзините кулинарски способности.
Уна Чолиќ е пример за традиционално воспитано девојче, па гордо покажа како развива пита.
Таа сама ја направила и ја испекла питата, која потоа ја објави на својата приказна на Инстаграм.
– Колку мислиш дека ти пречи што многу се пишува за твоите деца? Уна е многу интересна за медиумите? – го праша Чолиќ новинарот на една српска телевизија.
– Не им можам ништо. Таму ставаат разни фотографии – одговори Здравко.
Новинарот потоа забележал дека Уна се пофалила дека одлично и е во кујната, објавувајќи фотографија од пита од рерната.
– Ја видов. Не сум баш сигурен, но добро. Во секој случај може да помогне – низ насмевка рекол популарниот Чолиќ.