More

    Ќерката на 74-годишниот пензионер од Велес раскажува дека дури сега ги дознава деталите за грабнувањето и за убиството на нејзниот татко

    spot_img

    10 дена агонија, без никаква информација дали велешанецот Панче Жежовски е жив или мртов.

    Ќерката на 74-годишниот пензионер од Велес за Алфа раскажува дека дури сега ги дознава деталите за грабнувањето и за убиството на нејзниот татко.

    – Не знаевме. Сето ова што го слушаме е ново за нас. Не знам ништо и не можам ништо повеќе да ви кажам. Јас колку што знам, татко ми немал закани и притисоци во минатото – изјави Македонка Жежовска за Алфа ТВ.

    Македонка два дена по исчезнувањето на нејзиниот татко преку социјалните мрежи побара помош тој да биде пронајден. Таа тогаш објавни фотографија и од него, но и од автомобилот „цитроен“ за кој подоцна се испостави дека бил употребен за киднапирањето на Вања.

    Според полицијата и Обвинителството, пензионерот Панче бил убиен оти должел околу 500 евра, но и за да му биде одземен автомобилот.

    Откако било убиена Вања, возилото на Панче било полиено со бензин и запалено, а од полицијата велат дека знаеле и кој го набавил бензинот и од која бензинска пумпа.

    Пензионерот Жежовски беше грабнат на 22 ноември од својот дом, два дена пред неговата ќерка да го пријави како исчезнат. Убиен е и закопан на патот Велес – Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img