Премиерот Димитар Ковачевски по днешната лидерска средба изрази сочувство до семејството, роднини пријатели, соученици за убиството на 14-годишната Вања Ѓорѓиевска.
– Огромна е тагата по загубата на еден млад живот. Ова е тежок ден за Македонија. Очекувам во најкраток можен рок сторителите да бидат изнесени пред лицето на правдата. Апелирам да се
следат само информации од надлежните институциуи за да не се наштети на истрагата.
Во однос на овој грозоморен чин, кој МВР и ОЈО, на најпрофесионален начин, успеаја да го расветлат, се покажа професионалноста на нашите истражни органи и на обвинителството, кои работеа деноноќно без никакво мешање. Сакам да се заблагодарам и на специјалниот тим на МВР – рече Ковачевски.
Тој соопшти дека парламентарните политички партии постигнале договор изборите следната година да се одржат на 8 мај, односно првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај.
Според Ковачевски на лидерската средба имало исто така и исклучително широк консензус за забелешките за изборното законодавство односно Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Ковачевски исто така информираше дека Извршниот комитет на СДСМ синоќа донел одлука за формирање широк Европски фронт, во кој ќе влезат повеќе партии, дрвижења и невладини организации, кои го подржуваат евоинтеграцискиот процес на земјата.
Ковачевски рече дека во СДСМ е почната и постапка за избор на кандидат за претседателски избори.
Ковачевски реча дека на средбата зборувал за скринингот, за Планот на раст на ЕУ, како и за уставните измени. Според него, не треба да застанеме на патот кон ЕУ, а прифаќањето на уставните измени е единствениот предуслов, а тие ќе бидат предуслови и за идниот парламентарен состав.