Бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на истиот месец лани е поголем за 2,9% отсто, соопшти Државниот завод за стстистика.
Бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи опаѓање од 0,4 %, во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 3,5 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5,1 %.
Најголемо зголемување на бројот на работници од 20% во октомври има во индустријата за производство на возила, приколки и полуприколки. Следат производителите на текстилсо зголемување од 13,8% и индустријата за поправки на машини од 12,5%. Пораст на бројот на вработени има и во ридниците за производство на метали од 4%, кожарката индустрија од 3,5% и хемиската индустрија од 1,2%. Останатите сектори бележат намалување на бројот на вработени.
Во периодот јануари – октомври 2023, пак, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на работници во индустријата е зголемен за 1,2%. Податоците за периодот од 10 месеци покажуваат дека текстилните компании го зголемиле бројот на вработени од 4%, додека зголемување на бројот на вработени од 1,2 % за 10 месеци е забележано во рудниците за метали. Останатите сектори го намалиле бројот на работници или го задржале истиот број.