More

    Пиштолот со кој се убиени Вања и Панче сè уште не е пронајден

    spot_img

    Ова е кривично дело без преседан, изолиран, инцидентен случај, извршен од криминалци, бандити, монструми, кои сакале да стекнат имотна корист, свесни дека мајката неодамна имала продадно стат. Случајот е успешно и целосно расчистен, обезбедени се докази и признанија. За лицето кое е во бегство, и тоа заедно со својот адвокат, ќе сториме се да го изнесеме пред лицето на прадвдата – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција посветена на убиството на 14-годишната Вања Ѓорѓиевска, на која учествуваше и јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

    На почетокот беше појаснето дека на денешната прес конференција требало да се соопштат сите сознание за случајот, но Обвинителството било принудено уште синоќа да објави соопштение, кое било некомплетно и нецелосно, поради тоа што се појавиле многу, како што беше речено, крајно неодговорни шпекулации во јавноста. Обврска на МВР и ОЈО е најпрво да го информираат семејството и да не дозволат тоа да дознае за смртта на девојчето од медиумите. Исто така, беше нагласено, институциите не смееле да излезат со нецелосни инфомации, за да не ги вознемират граѓаните дополнително. Затоа, информацијата за убиствата била објавена уште синоќа, а не денеска како што било планирано.

    Откако изрази сочувство до семејството за оваа огромна загуба, од име на сите во МВР и на сите кои учествуваа во истрагата, министерот Спосовски ги сподели официјално информациите за двете убиства и дополни нови детали од истрагата.

    – Големата акција за расчистување на овој случај, за жал, не не доведе до исходот кој го посакувавме, да ги пронајдеме живи, туку и двајцата беа пронајдени мртви. Вчера беа пронајдени телата на двете лица, закопани, едно во околината на Скопје и едно во околината на Велес. Ова е кривично дело без преседан. Засега, осомничени се 5 лица, за 3 се изречени мерки притвор, а за петтото лице, таткото, за кој постои сомнение за соучесништво со извршителите.

    Целта на извршителите била да се изнудат пари од семејството, поконкретно од мајката на малолетничката, од што сите инволвирани би имале материјална корист. Констатирано е дека жртвата од Велес емал никаква врска со малолетничката, но имал нерасчистени односи со еден од извршители. Токму неговото возило е одземено, искористено е за кривичното дело, а потоа е опожарено. Со тоа возило е земена малоелтничката од пред влезот на живеалиштето. Претходно таткото споделил информации за нејзиното движење, за времето и местото на нејзиното излегување од дома.

    Главниот извршител и организатор, кој околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да се дојде за кривичното дело, е во бегство. Овој момнтрсум, на кој му ја следиме трагата, ќе сториме се час поскоро да го изнесеме пред лицето на правдата – рече министерот Спасовски.

    Тој исто објасни зошто синоќа не беше одржана оваа прес конференција, туку денеска денеска.

    – Пишувањата дека било неработен дел за МВР ги третираме како неодговорност во овој момент, зашто МВР и ОЈО немаат работно време ни слободни денови, туку во секој едн момент може да се излезе и да се соопшти , но мора да биде во вистинско време, кога ќе се завршат сите неопходни дејствија. Не може во МВР да стане збор за инстат-пиар, зашто важно е да се мисли на членовите на семејствата и на тие што работеа на истрагата. Затоа оставивме да се завршат активностите, да се изврши и последниот распит и уште неколку претреси со неопхпдните судски наредби. Беа преземени сите неопходни активности, веднаш по пристигнатите пријави СВР Скопје и СВР Велес формираше штаб, извршени се бројни претреси, пронајдени се мобилни телефони, компјутер, возила, други предмети, кои се одземени. Извршени се бројни распити и разговори. Во целата акција беа вклучени неколку стотини полициски слжбеници, кои работеа деноноќно, а истовремено се боревеме и со мноу шпекулации и дезинформации.

    Сакам уште еднаш да нагласам дека ова е изолиран, инцидентен случај , извршен од криминалци, бандити, монструми, који сакале да стекнат имотна корист. И полицијата, и обвинителството успеаја во рекордно брзо време да ги расчистат овие прецизно испланирани кривични дела – рече министерот Спасовски.

    Тој уште еднаш повторни дека случајот нема едничка заднина и дека сите осомнитчени се од македонска етничка припадност.

    Обвинителот Гаврил Бубевски информира дека сите инволвирани се идентификувани, од пет инволвирани четворица се приведени и испитани од нив тројца го признале делото.

    – Од нив имаме признание за нивниот ангажман, за текот на настанот, кој што извршил и какви дејствија презел, како и за мотивите за извршувањето на кривичните дела. Дефинирани се две кривични дела: грабнување и две кривични дела убиства со умисла, позврзани со користољубие, од имотна природа. Тое најтешко можна квалификација и се казнува со најтешката казна што може да се изрече во Репулика Северна Македонија. Против три лица е побарана и определена мерка притвор. Кога ќе излезат наодите од обдукцијата, можеби денеска или утре, МВР ќе излезе со кривична пријава и тогаш ОЈО ќе отвори формална истрага. Сега случајот е во предистрага. Тогаш ќе побараме најтешка можна мерка за обезбедување присуство, на подолго време, зашто постојат сите околности од бегство и од влијание и од повторување на делот. Издадена е меѓународна потерница, за лицето кое е во бегство. Нема веќе дилема што може да се очекува за сторителите на ова грозоморно дело тие треба да бидат изведени пред лицето на правдата. МВР постапуваше деноноќно, извршија многу истражни дејствија, потребно беше време и трпение за да се дојде до сите детали. Сите обвинители што беа дежурни учествуваа со напатствија, и издавање соодветни наредби, за да целиот процес ја запази законитоста, за да не падне целиот процес во судница. Сметам дека со обезбедените искази, кои се повторени и во МВР и во ОЈО, како и со бројните материјални докази, обвинителствот нема да има никаков проблем во однос на докажувањето на сите кривични дела – рече обвинителот Бубевски.

    На прашање како е можно девојчето да е ликвидирано толку картко по грабнувањето Бубевски рече дека постојат искази и индиции дека на извршитлите настанот им излегол од контрола, дека имале паника поради тоа што случајот многу брзо илегол во јавноста и јавноста и институциите биле многу ангажирани.

    На прашање за првоосомничениот и дали има основа шпекулацијата дека некој можеби му дојавил тој да побегне од земјава, министерот Спасовски рече дека тој е заминат со возило и заедно со адвокат, прво за Белград, а од таму за Бугарија. Сега се испитува каде е заминат од таму. Тој не можел да има никаква дојава затоа што и ние ја имавме информацијата з анего дури на 30, а тогаш тој веќе бил заминат. Не можел никој да има никој таква информација, за да може да му дојави, рече Спасовски.

    За минатото на првопријавениот, Спасовски рече дека тој имал неколку прекршочни опстапки, една од ОВР Прилеп, а неодамна е поднесена и една кривична пријава.

    На прашање за улогата на таткото во грабнувањето и убитвото, обвинителот Бубевски рече дека двајца од осомничените признале дека таткото им ги кажал информациите за девојчето, кога излегува од дома и каде се наоѓа. Тој овие информации им ги доставил на првообнитиот, а сега се испитуваат аспектите дали и колку се познавале извршителите и таткото.

    Бубевски соопшти дека има сознанија дека мајката продала стан, а тие средства биле мотив и таргет за изнудата.

    Таткото имал комуникација со лицето кое сега е во бегство, тоа е само сомнение, нему му кажал, како и кога девојчето излегува од дома.

    Засега нема индикации дека станува збор за организирана група, што би повлекло поинакво обвинение, туку засега сите се третираат како соизвршители .

    Обвинителот соопшти дека во двете убиства еден ист е извршителот и дека тој е првоосомничениот, кој е во бегство. Оружјето се уште не е најдено, се вршат претреси.

    На прашање на новинарите за тоа дека убиоството говори колкуграѓаните се несигурни во главниот град министерот Спасовски рече дека овој случај нема никаква врска со јавната безбедност, ова е криминаелн чин со конкретен план и цели.

    – На тезите дека заради самитот не се постапувало по овој случај, или деке не се објавувало нешто, можам да кажам само дека тие се апсолутна бесмислица. Никој нема да дозволи да се прекине истрага поради одржување политички настан. Освен тоа, сосема друг сектор во надлежност за безбедноста на Самитот, а кривичната истрага е надлчежност на друга управа. Паралелено и интензивно повеќе од 100 полиоциски службеници работеа на овој случај – рече Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img