Цената на биткоинот утрово надмина 40.000 долари за прв пат оваа година и сега е на највисоко ниво од април 2022 година.
Утрово биткоинот имаше вредност од 41.688 долари на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Аналитичарите очекуваат цената на оваа криптовлута да расте и натаму како резултат на очекувањата дека американската централна банка ФЕД следната година ќе ги намали референтните каматни стапки.
Од почетокот на годината вредноста на биткоинот е зголемена за 145%.