Телото обично испраќа сигнали кои можат да навестуваат срцев удар, но честопати луѓето едноставно ги игнорираат. Експертите издвојуваат четири предупредувачки знаци за срцев удар. Доколку ги забележите, треба да се јавите кај вашиот лекар.
Секако, кој било од овие знаци не значи автоматски дека ќе доживеете срцев удар, но многу е ризично да ги игнорирате сигналите што ви ги испраќа телото.
Ова се симптомите кои можат да навестат срцев удар и кои не треба да се игнорираат.
Знаци на срцев удар може да бидат:
Притисок и болка во градите
Повремената болка во градите предизвикана од постепеното акумулирање на наслаги во артериите може да биде предупредувачки знак дека во следните денови може да доживеете срцев удар, според д-р Роџер Блументал, директор на Центарот за превенција на кардиоваскуларни болести Džon Hopkins Ciccarone, кој работи и како професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс.
Стеснување или спазам на артериите од надворешната страна на срцето, исто така, може да го предизвикаат овој симптом. Ако се појави чувство на непријатност во градите, треба да се консултирате со лекар.
Болка во вратот, рамото или вилицата
Срцевиот удар обично го поврзуваме со моментална болка во левата рака. Сепак, раните знаци може да бидат помалку очигледни.
„Понекогаш, особено кај постарите лица, може да има други придружни симптоми како што се болка што поминува низ вратот, рамото или раката“, вели Блументал. Многумина овој знак не го поврзуваат со срцето.
Останувате без здив, лесно се заморувате
Ако извршувањето на инаку едноставна физичка активност е напор за вас, ова може да биде уште еден предупредувачки знак. Меѓу овие физички активности се вклучуваат промена на сијалица или подготовка на градината за пролет.
Мачнина или други стомачни проблеми
Абдоминална болка, гадење и замор, исто така, може да бидат потенцијални предупредувачки знаци за срцев удар, вели д-р Нихил Сиканд, кардиолог и доцент на Медицинската школа на Јејл. Се разбира, ова не важи во секој случај. „Некои пациенти може да имаат благи симптоми или воопшто да немаат симптоми“, вели експертот.