Српската авиокомпанија реализираше 3.560 летови од Белград, Ниш и Краљево, што е за 40 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, како и 54 отсто повеќе во однос на предпандемијата 2019 година.
„Се приближуваме до бројката од четири милиони превезени патници годинава. Од 2013 година до денес, на нашите летови се над 26 милиони патници, а наша следна цел се 30 милиони патници“, изјави извршниот директор на Ер Србија, Јиржи Марек.
Најпопуларните дестинации на Ер Србија во регионот беа Подгорица и Тиват, во Западна Европа Цирих, Париз, Рим и Милано, додека во пошироката евро-медитеранска зона најпопуларни летови беа Истанбул, Атина и Барселона.