Обилниот снег во северна Англија ги принуди возачите да побараат засолниште или да ја поминат ноќта во своите автомобили, а невремето остави без струја повеќе од 2.500 домаќинства во тој дел од земјата, јавува денеска АП.
Камиони заглавија во снег за време на викендот блокирајќи ги автопатите, а возачите изјавија дека им биле потребни часови за да поминат пократки растојанија.
Многумина беа принудени да најдат место за престој на нивните рути или во нивните возила.
„Во моментов навистина се чувствувате како да поминувате низ Алпите или ски-центар“, вели еден возач.
Еден од возачите возел 19 часа од Есекс до Камбрија, патување кое требало да трае нешто повеќе од 5 часа.