Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска доцна вечерва е повикан на распит во полициска станица во врска со убиството на неговата ќерка. Засега за него не се бара притвор. Од МВР велат дека тој ќе биде задржан до утре и дека се расчистува да се види неговата инволвираност.
Таткото го пријавил нејзиното исчезнување во полициска станица во понеделникот во 11 часот, 3,5 часа откако нејзе ѝ се губи трагот.
Утре во 9:30 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство ќе одржат прес-конференција во врска со двете грозоморни убиства.
По Вања се трагаше од понеделникот, а за нејзиното убиство и за убиството на 74-годишниот велешанец во притвор се три лица, еден вечерва e приведен и еден е во бегство.