More

    Левица вчера го одржа вториот редовен Пленум на партијата

    spot_img

    Левица вчера го одржа вториот редовен Пленум на партијата. Делегатите на Пленумот ги усвоија Статутарните одлуки, а на оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.
    Президиумот на Левица, едногласно го реизбра Димитар Апасиев за старо-нов претседател на партијата, кој ја назначи Јована Мојсоска за генерален секретар на Левица.

    Никој нема право да ви наметнува уставни измени, поткусурува со вашите идентитетски вредности, ниту пак да ви наметнува историски наративи за сметка на интеграцискиот процес во Европската унија. Ова беа само дел од пораките кои ги испратија европратениците Клер Дејли и Мик Волас, кои се гости на Левица.

    „Едни од најгласните европарламентарци, кои важат за симбол на борбата за заштита на послабата и обесправеноста страна, денеска остварија средба со членот на Президиумот – Реџеп Исмаил – Хактан, Портпаролот – Амар Мециновиќ и Координаторот на Сектор Надворешна политика – Александар Симонов, каде главна тема беа евроинтеграциите на Македонија. Во духот на демократијата и пријателството, европарламентарците дадоа безрезервна поддршка на интеграциските процеси за Македонија, каде силно беа нагласени неправдите нанесени на македонскиот народ од одредени членки заедно со оваа поданичка Влада“, се наведува во соопштението.Левица информира дека добила безрезервна поддршка во парламентарната борба за заштита на своите круцијални и национални интереси! Пријателството и соработката со европските левичари ќе продолжи и во иднина, додека Македонија, во европарламентот секогаш ќе има претставници кои ќе се залагаат за нејзината кауза, додаваат од Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img