Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорни земји во врска со високиот стандард и со поволните услови за живеење. Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка ја сочинуваат ултра богатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и Финска.
Претходно дестинацијата на Финците беше Шведска, но тоа веќе не е така, се вели во соопштението на советодавната служба на нордискиот совет на министри, пренесува Независне новине.
Миграцијата на Финците во Норвешка, каде што со текот на годините емигрирале околу 400 до 500 луѓе, генерално беше многу помала во споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.
Меѓутоа, „сега Норвешка им е многу поинтересна поради подобрите плати“, се наведува во соопштението што го пренесе финската агенција STT.