More

    Воздухот во Струмица е екстремно загаден

    spot_img

    Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица, соопшти Министерството за животна средина.

    Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m³ во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерното место во Струмица.

    Во Струмица изминатите два дена овие вредности изнесувале 156 и 236 mg/m³. Во вакви случаи се препорачува да се избегнува престојување на отворен простор, се ослободуваат од работа бремените жени и повозрасните лица, лицата со хронични болести и сите други засегнати лица кои спаѓаат во оваа група на ранлива категорија.
    Мерната станица во Струмица синоќа регистрираше и 679 mg/m³ за што реагираа од еколошкото друштво „Здрава котлина“.

    „Метеоролошки причини нема, загадувањето од загревањето на домаќинствата е прилично константно, но ниту приближно до она што се случува секоја вечер во Струмица. Вакви амплитуди на загадување, во вакви околности, се можни единствено со посредство на организиран криминал од бескрупулозни „бизнисмени” заштитени како бели мечки“, напишаа од „Здрава котлина“.

     

    фото: Струмица нет

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img