More

    ЈП Градски Пазар Охрид објавува: ОГЛАС бр. 21/2023 ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА  ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА-ТИПИЗИРАНИ ТЕЗГИ (КУЌАРКИ )

    spot_img

    Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. бр. 08 – 17370/41 од 22.12.2022 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.14/2022), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 17370/42 од 22.12.2022 година и  Извод бр.19-918/2 од 16.11.2023г за поставување урбана опрема-типизирани тезги, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

    ОГЛАС бр. 21/2023

    ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА  ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА-ТИПИЗИРАНИ ТЕЗГИ (КУЌАРКИ )

     

    ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

     

    1. Урбана oпpeмa-типизирани тезги

     

    Плоштад св. Климент Охридски

    Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.

    Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 01.12.2023 до 31.01.2024 година.

     

    1. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:

     

      Број на продажни пунктови предмет на огласување Почетна цена/денари

    (за период од 60дена)

    Износ на депозит

    (10% од почетната цена/ денари)

    2.За користење на простор  од 4 м2

     

    6 16.000,оо 1.600,00

     

     

     

    • урбана опрема  4 м²  со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) месечен износ – вкупно 6 типизирани тезги

     

    2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за дадениот период

     

    2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

     

    • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
    • Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
    • Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
    • Должни се да обезбедат времено броило (приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот.
    • Комуналните услуги, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид
    • Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

     

    2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

    • Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности за м2 дневно.
    • Договорот со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.

     

    1. 3. Доставување на пријави

    3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

    • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
    • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
    • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
    • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

     

    Право на учество на јавниот повик немаат:

    • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и ЈП Градски Пазар Охрид.

    3.2 Понудувачот треба да достави:

     

    • Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
    • Уплатница на име депозит за учество во износ од 600,оо (илјада и шестотини денари) денари за 4 м2
    • Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид

     

     

    За правни субјекти

     

    • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
    • Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нселени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и ЈП Градски Пазар Охрид);
    • Фотокопија од лична карта на управителот

     

    За физички лица

    • Фотокопија од лична карта
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

     

    Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема ќе биде вратен најдоцна во рок од 15 дена, сметано од денот на завршување на постапката по огласот, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

     

    Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.

     

     

    1. Начин на доставување на пријавата

     

    Пријавата треба да се достави во затворен плик со назнака:

     

    „НЕ OTBOPAJ“

    ЈП Градски Пазар Охрид

    Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на урбана опрема бр. 21/2023

    „Булевар Туристичка“ 6p.79  Охрид

     

    НAПOMEНA:

    Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

    Пример за адресирање на плик за достава на пријава:

     

     

    “НE OTBOPAJ“

    „Да не се отвора пред 05.12.2023

    Оглас бp. 21/2023

    ЈП Градски Пазар Охрид

    Комисија за спроведување на оглас за прибирање на пријави за издавање на

    урбана опрема бр. 21/2023

     

    “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид

     

     

    Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

    ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријава, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

     

    1. Начин на отворање

     

    Пријавите да се достават најдоцна до 04.12.2023 год. во 12.00 часот.

     

     

    • Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
    • Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање  или
    • Јавното надавање ќe се одржи во просториите на Јавното пратпријатие Градски пазар Охрид.
    • Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените пријави
    • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на  понудувачот.
    • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.
    • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на   понудувачот и веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
    • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

     

     

    1. Предмет на јавно наддавање

     

    • Предмет на јавното наддавање е конечната цена  за дадениот период од 01.12.2023 до 31.01.2024

     

    1. 7. Склучување на договор

     

    Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

     

    Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

     

    Пред склучувањето на Договорот, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.

     

    По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”

     

    Доколку понудувачот кој се пријавил на јавното наддавање, не склучи  договор  во  цитираниот  рок,  договорниот  орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

     

    Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img