Музичката дива Неда Украден (73) на својот Инстаграм профил често споделува семејни фотографии со ќерката Јелена и нејзиниот сопруг Предраг, а пејачката сега во интервју за српски Информер ја откри и приказната за тетоважата што и ја посветил нејзиниот зет.
Вели дека тоа не го направил за некаква имотна корист, туку од благодарност.
– Сопругот на ќерка ми го прифатив како мое дете. Пеца не го истетовира моето име поради недвижниот имот, туку затоа што му помогнав со неговото здравје. Инсистирав да оди на клиника и успешно решивме сè. Се работеше за оштетување на видот и тоа беше сериозно. Можеше да ослепи на едното око. Фала му на Бога, сè помина добро и од благодарност реши да го истетовира мојот потпис – откри Неда Украден.
Инаку, Неда Украден поседува неколку имоти, меѓу кои стан во Загреб, вила во Бока Которска, два стана на Баново брдо во Блеград и имот во култниот кварт „Београд на води“.
Пејачката беше во брак со режисерот Милан Билбија, кој почина во 2013 година на 77-годишна возраст од мозочен удар. Со него ја има ќерката Јелена.