Во деветтото коло од Првата футсал лига на Србија, футсалците на САС на Зрењанин остварија исклучително важна победа против ФОН Бањица (6-4), но наместо по спектаклот на паркетот средбата ќе остане запаметена по срамниот потег на тренерот на победничката екипа, Миливоје Батиница.
Тој на три минути до крајот на првото полувреме влезе во конфликт со еден од играчите на својот тим, откако прво го повлече за дресот, го привлече кон себе, а потоа и го удри по вратот и главата. Популарниот Симо Батиница набрзо потоа продолжи да удира по својот играч и тоа директно во лицето.
Според српските медиуми, станува збор за еден од основачите на Српската напредна странка во Зрењанин, кој во минатото бил обвинет за воени злосторства во Кравице кај Сребреница во 1995 година.