More

    Лавров вели дека дипломатите пробале да ја изолираат Русија на самитот

    spot_img

    Сергеј Лавров утрово од прес-конференција во Скопје му испрати порака на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека како кукавица избега завчера вечер од главниот град на Македонија за да не се сретне со него. Избега и шефот на британската дипломатија, рече Лавров и нагласи дека тој сѐ уште тука и по два дена и ја чувствува топлината и гостопримството на македонскиот народ.

    – Се обидоа со фотографии од вечерата да ме претстават како изолиран овде во Скопје. Но, јас имав  прекрасна вечера со македонски вина и јадења и бев присутен на утринското официјално отворање на собирот на ОБСЕ. А немаше лица од Украина и Балтичките државни, ниту пак беа Блинкен и Камерун, ниту Борел. Тие се само кукавици кои направија обид да ме изолираат – рече рускиот шеф на дипломатијата и додаде:

    – Блинкен го избегна состанокот, но јас еве сум тука, него не го гледам. Денеска госпоѓа Захарова ми покажа две различни фотографии објавени во македонските весници. Првата беше од вечерата, кога сите пристигнуваа на вечера, направиле фотографии за да објават во весници дека сите дошле освен Лавров…Останатите весници прикажаа фотографии од утринското отворање, каде што бев присутен со сите мои колеги, но немаше украински министер, ниту претставници од балтичките држави. Секретарот Блинкен и Борел си заминаа. Зошто го направија тоа. Мислам дека сакаа да ја нагласат нивната намера да ја изолираат Русија – изјави Лавров.

    Блинкен присустуваше на неформалната вечера на лидерите, која се одржа во средата, но не беше тука на официјалното отворање на Министерскиот состанок, на кој САД се претставени од помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан. Американскиот државен секретар по Скопје, како што соопшти Стејт департментот замина за Израел, а во земјава оствари средби со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи.

    Лавров смета дека има целосен пад на се што е креирано од ОБСЕ и оти има деградација на сите димензии на Организацијата – безбедносни, дипломатски, економски и цивилни,

    Според Лавров, европските колеги не извлекле никаква поука и дека над 90 проценти од сите говори на пленарната сесија биле потврда на тоа.

    – Гледам како се прават напори за продолжување на ваквата агонија. Што ќе се добие со продолжување од неколку месеци, шест месеци или година – рече Лавров на пресконференцијата.

    Според Лавров, негов впечаток е дека нема шанса за спас на ОБСЕ.

    – Организацијата се претвори во нешто, кон што сум индиферентен. Индиферентен сум за исходот од денешната сесија – изјави Лавров.

    Македонските медиуми покажаа голем интерес за прес-коференцијата на Лавров. По пресот Лавров ќе замина од Македонија и нема да учествува на денешното продолжение на министерскиот совет на ОБСЕ.

    Тој се обрати на вчерашниот Министерски совет, а говорот предизвика реакции кај останатите делегации. Некои од нив ја напуштија салата уште пред почетокот на обраќањето на првиот руски диломат, кој по завршувањето на долгиот говор ја напушти салата, а данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, откако си замина прокоментира дека Лавров бара дијалог, но тој не може да се води во негово отсуство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img